Роденден на уметноста во МКЦ

17.01.2019 03:16
Роденден на уметноста во МКЦ

Младинскиот културен центар во Скопје на 17 јануари (четврток), со почеток од 18 часот, по седми пат ќе го слави „Роденденот на уметноста” со повеќе културни настани. Најавени се изложби, промоција на книга, поетски перформанс, концерти, филмска ревија. Почетокот е закажан од 18 часот, а прославата ќе трае до 3 часот по полноќ. Влезот е слободен.

Програма

18:00 // Изложба на Максим Цветановски и Детска Работилница за Пластелин
Изложба на спектакуларни фигури од пластелин, изработени од 9-годишниот гениј Максим Цветановски и работилница за деца со нашиот child whisperer Dorotej Neshovski од 18 ч. во Детскиот креативен центар при МКЦ. 

18:00 Бесплатен филмски маратон
Љубовна филмска ревија во Џебно кино на која ќе можете да се потсетите на некои ремек дела на кинематографијата со емотикон срце.

Call Me by Your Name (2017) | 132'
режија: Luca Guadagnino

Song to Song (2017) | 129'
режија: Terrence Malick

Lost in Translation (2003) | 102'
режија: Sofia Coppola

Casablanca (1942) | 102'
режија: Michael Curtiz

20:00 // Музеј на раскинати врски
Отворање на изложбата од Музејот на раскинати врски кој по 11 години повторно доаѓа пред македонската публика. Ќе можете да ѕирнете во интимата на луѓе од разни краеви на светот, кои одлучиле да се збогуваат со својата поранешна љубов, ослободувајќи се и од некој предмет кој што силно ги потсетува на неа.

20:30 // Бифе
Отворање на изложбата на Сашо Димоски

20:30 // Промоција на „Радио“ од Љупчо Јолевски
Промоција на книгата „Радио“ на еден од бардовите на македонското новинарство ќе се случи во сала Фросина. Ова импозантно дело кое брои повеќе од 700 страници, ги интегрира во најголем дел интервјуата кои што авторот ги остварил со врвни имиња од македонската културна сцена во последните 5 години направени за Радио Слободна Европа.

21:30 // Сала 25 Мај
Концерти на нашите Matej Foltz, Pluto's Doubts, JUNE (ЏУН) како и одличните Igralom од Србија

22:00 // Горно фоаје
Поетски перформанс со млади и не толку млади поети и поетеси Песнило 2019: Литература на вриење

23:00 // Бифе
Музика за раскинување, или слатко горчлива сонична романса со опасниот диџеј пар - Violeta Kachakova & Mirko Popov

 

ОкоБоли главаВицФото