Премиера на „This is HERstory“ за три балкански хероини од екстремните спортови

18.02.2019 12:17
Премиера на „This is HERstory“ за три балкански хероини од екстремните спортови

Во вторник (19 февруари), во Кино Култура со почеток во 19 часот, премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „This is Herstory” во режија на Игор Христов, по идеја на Илина Арсова.

Филмот ја раскажува приказната на три балкански хероини кои ги поместуваат границите на екстремните спортови во своите заедници.

„Филмот, на автентично уметнички јазик ја раскажува приказната на три женски атлети од Балканот, нивната силна страст кон качувањето, планинарењето и живот во склад со суровата природа. Секоја од нив има високо поставена цел за оствaрување, а во овој краток филм ги следиме од близу нивните падови и успеси вткаени низ уметноста и екстремните спортови“, вели Илина Арсова, по чија идеја е направен филмот.Освен проекцијата овој мултимедијален настан ќе продолжи со ликовна изложба на авторски дела од Илина Арсова од последниот циклус „Дневник на моите височини“.

Изложбата е со продажен карактер со цел финансирање на вискогорскиот проект „7 врвови“.

 

 

ОкоБоли главаВицФото