не обрнувајте ми внимание

15.04.2019 10:05

Не обрнувајте ми внимание.
Синоќа заспав како и обично,
но утрово не сум јас, туку некоја сосема друга –
некоја што се тркала во сништата за тебе
како плунка во туѓи леи цвеќиња;
што тежи од копнеж како вреќа месо;

некоја што застанува на нозе и гази наоколу
небаре двоножен избеган носорог
во потрага по некого што барем малку личи,
што барем малку звучи, или барем мириса
како тебе – а потоа отсутно мрмори Простете.
Простете.
Не обрнувајте ми внимание.

Превод: Благородна Богеска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото