Енциклопедија за деца за основоположниците на современата македонска уметност

16.04.2019 02:28
Енциклопедија за деца за основоположниците на современата македонска уметност

Современата македонска уметност станува подостапна за најмладите кои за оваа тема ќе можат да читаат и да се информираат во првата Енциклопедија за деца за основоположниците на современата македонска уметност. Изданието е проект на Центарот за визуелна комуникација Ефектива, а автор на енциклопедијата е Елизабета Баковска. Проектот е поддржан од Националната галерија на Република Северна Македонија и Општина Центар.

„Првпат во Македонија е создадена енциклопедија за основоположниците на македонската современа уметност чија целна публика се пред сè децата. Ова е дело кое ја допира суштината. Суштината е дека публиката треба да ја создадеме, а таа се создава од мали нозе“, вели Софија Семенпеева од Центарот за визуелна комуникација Ефектива.

Главната вредност на ова дело е што е создадено на специфичен јазик со цел да успее на едноставен начин да допре до најмладата публика и да ја поттикне љубопитноста на децата за една особено значајна тема.

Енциклопедијата беше промовирана на одбележувањето на 15 април – Светскиот ден на уметноста, настан кој првпат се случува кај нас. Во рамките на одбележувањето се одржа и трибината на тема „Значењето на уметноста во развојот на децата и општеството“, на која се отворија суштински и општествено важни прашања за значењето на уметноста во растот и развојот на едно општество.

Исто така се доделија награди на 12 ученици од основните училишта кои по повод одбележувањето на 15 април твореа на тема „Општеството кое јас го создавам“.

Центарот Ефектива ќе донира по 15 енциклопедии за деца во сите основни училишта на територијата на општина Центар.

 

 

Слични содржини

Уживање / Култура / Уметност / Филм / Историја
Уметност / Теорија / Историја
Уметност / Теорија / Историја
Уметност / Теорија / Историја
Уметност / Теорија / Историја
Уметност / Историја
Фотографија / Уметност / Историја

ОкоБоли главаВицФото