Амбасадорите на САД и Франција го чистеа Скопје

25.04.2019 01:53
Амбасадорите на САД и Франција го чистеа Скопје

Амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние и в.д. амбасадорката на САД Микаела Швајцер Блум, денеска се приклучија на акцијата на ЈП „Комунална хигиена“ за чистење на Скопје. Амбасадорот на Франција Тимоние порача дека чистиот град е обрвска на сите и на граѓаните и на надлежните.

Во чистењето се приклучија и студенти и професори од универзитетите, директори и вработени во јавните претпријатија на Град Скопје, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, вицепремиерот Бујар Османи и вработените во Секретаријатот за европски прашања.

„Метлата влезе во високата политика. Сакам да испратам апел до политичарите дека треба да се фатат и за вистинската, реална метла, за да можеме да се соочиме со вистинските проблеми на граѓаните. Токму тоа ни треба сега да се соочиме со проблемите на граѓаните“, рече Османи.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани кажа дека акцијата е за подигнување на свеста кај граѓаните од несовесното постапување со отпадот и најави дека ќе се чистат депонии низ целиот град.

Фотографија: К. Попов

Извор: СДК