Оставината на Богдан Богдановиќ ќе биде достапна за јавноста

31.07.2019 10:56
Оставината на Богдан Богдановиќ во Белград

Истакнатиот интелектуалец, архитект и писател, Богдан Богдановиќ (1922 - 2010) оставил околу 4 000 книги и други предмети во станот во кој живеел во Белград. Тој на почетокот на деведесеттите години заминал од земјата означен како „предавник“ затоа што го критикувал тогашниот претседател Слободан Милошевиќ.

Тим од седум библиотекари направил попис на книгите, а покрената е и кампања за собирање средства за да се направи и посебна книга за библиотеката на овој меѓународно познат автор на бројни споменици посветени на ѓртвите на фашизмот. Во план е и целата библиотека да биде достапна на интернет.

Извор: Слободна Европа на српски

ОкоБоли главаВицФото