Стадо

19.01.2019 02:15
Стадо

Од практичен аспект на секојдневниот живот на жителите на Србија, не може да се види зошто претседателот на Русија воопшто им дојде во еднодневна посета. „Меморандум за меѓусебно разбирање“ за соработката помеѓу Русија и Србија во „истражување на вселенскиот простор во мирновременски цели“. Димитриј Рогозин и Ненад Поповиќ можеа да го потпишат и без него. Најдобро би било воопшто да не дознаевме дека тоа е потпишано, зашто е бескрајно бесмислено, како вселената. Освен ако српскиот партнер на руските колеги не им ги понудил кинеските летечки автомобили за пат во вселената. Инаку, свинските нозе и пилешките батаци сосема сигурно не се од некаква корист за „истражување на вселената“.

Исто така, на Емир Кустурица и некој понизок чиновник од Путин во руската администрација можеше да му понуди или да му вети поддршка од тамошниот буџет за неговите планински фестивали. Тоа ниту мораше ниту е соодветно да го прави лично рускиот претседател; како што, од друга страна, тоа нема никаква врска со животот на речиси сите жители на Србија, исто како и на Русија – па домашната и руската политичка квази културна елита уште еднаш ни потврди дека во однос на своите „обични“ сограѓани спокојно си живее во облаци (добро, и овде наместо „во облаци“ би требало да стои – во вселената).

Но, да ги пуштиме другите да анализираат и да судат за конкретните добивки за луѓето во Србија од посетата на Путин, ако веќе ние не можеме да видиме нешто во тоа. Не верувам пак дека нешто посебно може да се каже и за политичкото значење на средбата на српскиот со рускиот претседател, а тоа веќе да не е кажано и досега многупати повторено. Руската политика на Балканот е позната, јасна и постојано се манифестира, така што Путин не мораше лично да доаѓа и дополнително да ја утврдува, или што сепак е незамисливо, јавно да ја објасни (првенствено на оние кои трпат најголема штета од неа).

Не верувам ниту дека Вучиќ би умеел да понуди добри причини за руската притока, која сè повеќе изгледа како главен тек на неговата како внатрешна, така и надворешна политика. Но и тој руски елемент на неговата политика веќе е анализиран и отфрлен како неразумен. Што не значи дека нема да биде интересно да се види како новорадикалите на чело со Вучиќ ќе се однесуваат кога (и ако) како што е најавено во посета им дојде францускиот претседател.

Всушност, за нас посетата на рускиот претседател и настаните во врска со неа би требало да бидат најинтересни и (потенцијално) најкорисни од еден сосема друг агол – значи од перспектива на новите избори. Најдобро е собирањето околу Путин да го гледаме како показна вежба на узурпирање на апсолутно сите државни ресурси за теснограда демонстрација на политичка/партиска сила.

Организирањето на повеќе од 100 илјади луѓе од цела Србија во еден ден да стигнат и да се соберат на едно место, е голема и скапа работа што бара многу. Само за повеќето стотици автобуси да ги донесат десетиците илјади луѓе од сите краеви на земјата биле потребни неколку стотици илјади евра. На тој трошок треба да се додадат и парите за сендвичи и вода во пластични шишиња. Па дневниците за полицајците од разни места кои послужија како партиско обезбедување на импровизираните паркинзи, т.е. на зафатените и блокираните улици во центарот за сите останати жители на градот.

Ние сега наводно може да кажеме дека таа маса народ собрана како стадо, значи била собир на поединци кои не биле таму по своја волја, туку на разни начини биле присилени или уценети да се најдат таму. Може и понатаму да шпекулираме и за тоа дека тие се без никакви уверувања, како несолидна политичка основа за изведување на каква било политичка визија. Но наместо потенцијалната безволност, за анализата е многу поважно едно друго нивно својство – беспоговорната послушност. Токму зато споредувањето со стадо наведува на погрешна трага, бидејќи, всушност имаме работа со добро структуирана група која најмногу потсетува на паравоена формација.

Од ова следува едноставен заклучок; како што луѓето кои како стадо или како паравоени единици беа изведени пред Путин, така и утре ќе бидат изведени на гласање. Кога се бројат луѓето на рамнината пред храмот, исто како и кога се бројат гласовите, не е пресуден нивниот претпоставен и вистински (политички или морален) квалитет; напротив, се брои само и исклучиво кавантитетот.

Тоа е единствената значајна и, не треба да се сомневаме во тоа, сосема намерна иако не и сосема експлицитна порака која ни испрати режимот на 17 јануари, новорадикалите уште еднаш покажаа што треба да се има предвид кога од страна на опозицијата се подготвува и излегува на (уште едни) избори.

Да се зборува сега со омаловажување дека тука станува збор за стадо на уценети личности и дека се узурпираат ресурсите на државата за партиски цели, што е очигледно кршење на законот – би било само повторување на она што веќе го имаме научено и што добро го знаеме.

Наместо тоа, единствено би било важно да размислиме – каков е нашиот одговор на тоа? Злобниот коментар би можел ова прашање да го преформулира и вака: како грлата/гласовите од режимското стадо да се преместат во опозициското крдо? И уште, без злобност: дали во Србија има потенцијал на избори да излезат повеќе опозициски настроени гласачи, отколку што има гласови во режимските паравоени гормации? Големи се изгледите дека ефикасните одговори и на првото и на второто прашање, оставајќи ја злобноста настрана за да не ни ги замагли погледите, бараат еднакво многу работа и ресурси како и масовното собирање пред храмот. Па ни останува прашањето за крај: кој овде е подготвен за тоа?

Извор: Peščanik

 

Слични содржини

Европа / Балкан / Став / Култура / Историја
Балкан / Свет
Балкан / Историја
Европа / Балкан / Свет
Општество / Став

ОкоБоли главаВицФото