1022 hPa
100 %
6 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 11:07
„Транзицијата на Балканот е завршена“, неодамна ми рече Ремзи Лани, албански политички амалитичар. Притоа тој не мисли на трансформацијата на диктатурата во демократија: „Ние имавме транзиција од репресивни во депресивни режими“. И има право: старите комунисти и радикалните етнички националисти главно исчезнаа, а празнината ја исполни стагнација – економска, социјална и политичка.
Се поставува прашањето како овие депресивни режими ќе се снајдат во сè поголемото ривалство на големите сили на Балканот.
Еден ден пред неговата посета на Белград, рускиот претседател Владимир Путин изрази големо незадоволство од промената на името на Македонија и ги обвини „Соединетите американски држави и некои западни земји“ дека „го дестабилизираат“ регионот. Рускиот министер за надворешни работи ја осуди „подготвеноста на Соединетите држави сите балкански држави да ги воведат во НАТО, веднаш штом тоа ќе биде можно и да го укинат руското влијание во регионот“ и подвлече дека тоа се случува спротивно на желбите на тие држави.
По посетата на Белград на Путин, изгледа дека судирот помеѓу западот и Русија на Балканот влезе во нова фаза. Во текот на изминатата деценија, Русија го бранеше своето економско и културно присуство во регионот, но никогаш активно не го оспоруваше НАТО или хегемонијата на Европската унија. Веќе не е така.
На прв поглед, руските амбиции делуваат нереално. Балканот е цврсто поврзан со западот: Грција, Бугарија, Романија, Хрватска, Албанија и Црна Гора се членки на НАТО, а и Македонија е на пат да стане дел од НАТО. Сите држави во регионот се или членки на Европската унија или се стремат кон тоа. Европската унија во сите овие земји е најважниот трговски партнер, најголем инвеститор и омилена дестинација за емиграција. Во регионот се подразбирадека на Русија тоа не ѝ се допаѓа, но дека таа нема активно да се меша во внатрешната политика на овие држави.
Тоа можеби се менува. Москва може да ги искористи ранливите позиции на западот, кога станува збор за Балканот. Имено, додека во Украина ЕУ е симбол на промени, на Балканот таа е симбол за статус кво, кој станува сè понеиздржлив.
Балканските општества се фрустрирани и гневни, со пораст на етнички тензии. Речиси секоја од овие држави имаше големи антивладини протести. Економскиот раст главно е побавен, покрај сè поголемото осиромашување и драматична депопулација: повеќе од 40 отсто на граѓаните на БиХ ја напуштиле земјата, исто како и околу 40 отсто на граѓаните од Албанија и околу 25 отсто граѓани од Македонија.
Додека анкетите покажуваат дека најголем број луѓе и натаму смета дека придружувањето кон ЕУ е најдобриот пат кон просперитет, европските интеграции како да ја губат својата магична моќ. Не само што иднината на Европската унија изгледа неизвесно, туку и нејзините лидери, како францускиот претседател Емануел Макрон, отворено изјавуваат дека својот политички капитал нема да го вложуваат во евроинтеграциите на Западен Балкан.
Притоа, Европската унија упорно не ја менува својата политика кон Балканот. Ова делумно е резултат на бирократската инертност и недостиг на политички интерес. Но одредена улога во тоа игра и стравувањето дека промената на политиката кон Балканот би изгледала како отстапување од европските принципи.
Војните во поранешна Југославија во 90-тите години одиграа клучна улога при обликувањето на постстуденовоен политички идентитет на Европската унија. Трагедијата во своето соседство, ЕУ не ја доживеала како судир помеѓу држави или народи, туку како судир на два принципи: етничкиот национализам олицетворено во Слободан Милошевиќ и принципот на мултиетничка демократија отелотворено во Европската унија. Затоа политиката на ЕУ на Балканот е поттикната пред сè од политиката, повеќе отколку во кој било друг дел на светот. Идеолошката ригидност на Европа на Балканот е достојна за восхит, но таа е и делумно одговорна за парализата на регионот.
Тоа најдобро го илустрира улогата на ЕУ во дијалогот меѓу Србија и Косово. Овој дијалог го покрена и го охрабруваше токму ЕУ, затоа што меѓусебното признавање на Белград и Приштина е единствениот начин да се отстранат пречките за подлабока економска соработка и влез на Србија и Косово во ЕУ. Но кога српскиот претседател Александар Вучиќ и неговиот косовски колега Хашим Тачи почнаа да се занимават со чувствителното прашање на „корекција“ на границите за да постигнат конечен договор, големите европски држави порачаа дека тоа никогаш нема да го дозволат.
Промената на границите никогаш не била сјајна идеја, особено по трауматските искуства на вооружените етнички судири. Но не е добро ниту да се спречуваат избрани лидери самостојно да ги обликуваат односите меѓу своите држави. И иако европските стравови од тоа дека промената на границите меѓу Косово и Србија би можела да охрабри и други држави и иако ЕУ има право кога инсистира дека секоја промена на границите е легитимна ако има поддршка од мнозинството граѓани во тие земји – тие пораки не се добро пренесени. Излегува како Европа а својот неразумен сосед да му наложува да стои понастрана од остри предмети. И затоа дојде до жесток одговор. Шансите за договор на Србија и Косов, денес, се многу помали отколку пред неколку месеци, а расте и ризикот од етнички судири.
И тука настапува Русија
Минатиот ноември, Путин се сретна со Тачи, наспроти тоа што Москва не го признава Косово како држава. Оваа средба покажа дека Русија на Балакнот себе не се гледа само како заштник на Србија, туку и како моќен глобален играч. Затоа ЕУ не би требало да се изненади кога Русија наскоро ќе ја понуди својата мапа на патот за нормализација на срско – албанските односи. (Исто така, не треба да се изненади ако Турција ја поздрави оваа иницијатива).
Со други зборови, се засилуваат активностите на Русија на Балканот. Москва сака да ја замени Европската унија во решавањето ан регионалните конфликти, како што се обидува, главно успешно, да ги замени САД како посредник во судирите на Блискиот исток.
По 27 години негирање, грчкиот парламент конечно го одобри новото име на Македонија – Северна Македонија и стави точка на еден од балканските конфликти. Тоа беше вистинска победа на европската стратегија за регионот. Европа сега би требало со таква енергија и прилагодливост да ги притисне Србија и Косово да најдат компромис. Напуштањето на политиката на статус кво е единствениот начин ЕУ да остане релевантна во регионот.
Извор: The New York Times