Чудна сестро*

11.09.2019 09:45

Чудна сестро, каде си сега ти?
Tвојата убавина на чудесното е работ
Верувај ми, не те сметам за политички бот
Не сакам да те гледам несреќна
Ти фали само малку кармин па ќе збориме невино
Знам што криеш сега, ќе ми кажеш после чаша вино

Чудна сестро, кажи ми сега
Јас сум твојата вечна радост
Ќе ме прашаш подоцна каде отишла нашата младост
Секогаш си била на штрек и хомо и хетеро
Сега гледам скршено си перо
Верувам во сите нас
Само ни фали течен гас

Чудна сестро, се знаеме, спомените ни се и матни и драги
Како главоболка што доаѓа и заминува но остануваат траги
Чудна сестро, се знаеме како мистерија
Сега ќе танцуваме во хистерија
Нема да има време за патење
И додека сонцето сјае шампањското почнува да влијае
Само високо јас пејам и дискретно демнам
Биди моја сојузничка
Пеј ја химнава сега, моја Чудна сестро
Препушти се и одиме на магично место

 

*Песната настана како ода на чудникавите жени, посебно на кралиците: Декаденца, Валерија Кенди и покојната Дајана Хо. А, за волја на вистината, станува збор за препев на славната песна Chiquitita на шведскиот поп феномен Abba.

Препев: П. В.

Маркиза Де Сада: фатална заводница, бастард меѓу руски револуционер и германска аристократка. Се зборува дека во налет на страст го убила љубовникот и оттогаш лута по европските градови во потрага по забава. Со сомнителен морал, незаситни сексуални апетити, непобедива е во буткање раце, вешта со меч и прва за испивање цело шише апсинт. Обвиткана со вел на мистеријата, со беспрекорен стил, внимателно го избира своето друштво, и нигде не оди без возачот.
https://facebook.com/markizadesada/

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото