Unheimlich*

25.09.2019 16:21

Дали од неодамна
невдомено домувам
во среќната Европа,
само од страв дека
потиснатото кога-тогаш
повторно ќе се врати?

Уште ли ќе сонувам
за сопствената слобода,
надвор од кршливиот дом,
на возраст кога за мнозина
вечниот дом е најпривлечен
поради своето спокојство?

Стравот од влијание на оние
од онаа страна на стварноста
не е само страв од поетско
или филозофско влијание,
туку страв дека сум веќе
отаде принципот на задоволство.

Игри на повторувањето
како игри на постоењето:

Јас и Европа, Европа и Јас.
Ти и Европа, Европа и Ти.
Ритуални кружења.
Вртоглавица.

Совршена љубов
кон невдоменото домување!

 

* Unheimlich (герм.) Uncanny (анг.) – необично, несекојдневно, загадочно, тајновидно, непријатно, обеспокојувачко. Битен термин кај Сигмунт Фројд од неговиот истоимен есеј Das Unheimliche (1919) со кој се појаснуваат состојбите во кои нешто може да биде блиско, но едновремено и далечно и туѓо. Тоа е она што потсвесно нè потсетува на сопствениот Id, на нашите заборавени и репресирани импулси разбрани како заканувачка сила од нашето Super-ego. Сево ова резултира со чувство како за „нелагодно туѓо“ или „нелагодно блиско“, создавајќи една „когнитивна дисонанца“.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото