Височини и длабочини

14.10.2019 11:21
Височини и длабочини

 

НЕВЕРОЈАТНИТЕ ВИСОЧИНИ

Змеј‒летало што летало највисоко
4,88 километри.


Дрвја што живеат највисоко
Полилепис, на Андите, на висина на 5,2 километри. Овие дрвја припаѓаат на семејството ружи.


Град на најголема висина
Ла Ринконада, во Перу, на 5,1 километар. Во ова гратче на копачи на злато живеат околу 50.000 жители.


Цицач кој живее највисоко
Јак, во Тибет, на 6,1 километар. Дебелото ќебесто јаково руно му помага да ги поднесе температурите пониски од оние во нашите замрзнувачи.

Јак

Пајак кој живее највисоко
Хималајскиот пајак‒скокач, на 6,7 километри. Се храни со инсекти кои ги нанесуваат јаките планински ветрови.


Билките што живеат највисоко
Перничестите билки на планината Шукуле, во Индија ‒ на висина од 6,1 километар.


Инсект кој лета највисоко
Бумбар, до 9 километри.


Птица која лета највисоко
Рупеловиот лешинар, до 11 километри.

Рупелов лешинар

Највисокиот врв на светот
Монт Еверест, на 8.848 метри. Бидејќи водухот е редок, со секое вдишување таму можеме да внесеме во белите дробови само 30% од кислородот кој инаку би го дишеле да сме на ниво на море.

Балон што летал највисоко
Се искачил на 21 километар. Овој лет е изведен над Индија во балон висок 48 метри ‒ два метри повисок од Статуата на слободата без подножјето.


Највисокиот лет на хартиен авион
Стратос III: 35 километри. Авионот е пуштен од балон наполнет со хелиум, да долебди назад на Земјата.


Највисокиот лет на авион
МИГ 25 ‒ 37,6 километри.


МВС
Меѓународната вселенска станица кружи околу Земјата на надморска висина од 330 до 435 километри.

Меѓународната вселенска станица

Сателитот ВЕЛА 2
Сателит на најголема висина ‒ 116, 582 километри.


Месечината
Од Земјата е оддалечена 384.400 километри.


Луѓе што допреле најголема висина
Атронаутите во АПОЛО 13 ‒ 400.171 километар.


СКРИЕНИТЕ ДЛАБОЧИНИ


12,262 метри, најдлабоката дупка
Најдлабоката бушотина на Земјата е Супердлабоката бушотина Кола во Русија. Нејзната длабочина е еднаква на висината на 1,4 Монт Еверести.


105,5 метри, станица на најголема длабочина
Подземната железничка станица Арсенална во Киев, во Украина, се наоѓа на најголемата длабочина во светот.


122 метри, најдлабокото корење
Корените на самоникнатата смоква во Ехо пештерата нлизу до Оригстад во Јужна Африка се простираат до длабочина на зграда од 39 ката.


155 метри, хотелска соба на најголема длабочина
Ако сакаш да преноќиш во хотелот Сала Силвермајн во Шведска, мораш да се симнеш длабоко под земјата, повеќе од што е висока Кеопсовата пирамида во Египет.

Соба во хотелот Сала Силвермајн, Шведска

1,270 метри, концерт на најголема длабочина
Хеби‒метал групата Агонајзер во 2007 одржала свирка во рудникот Пихесалми во Финска, на длабочина еднаква на 2.272 бас тапани наредени еден врз друг.


1,160 метри, цицачи со најдлабока куќа
Во стариот рудник за цинк во Њујорк живеат илјада ситни сиви лилјаци на длабочина приближно 1,4 пати поголема од највисоката зграда на светот, Бурџ Калифа.


2,283 метри најдолгото возење со лифт
Рудникот за злато Мпоненг во Јужноафриканската РЕпублика има лифт кој се спушта на најголема длабочина на светот. Носивоста му е 120 луѓе и патува со брзина од 64 километри на час.


2,197 метри, најдлабоката пештера
Пештерата Крубера во Грузија е најдлабока на Земјата. Бескрилни инсекти се најдени на длабочина од 1,980 метри. На просечен лифт би му требале 66 минути да го премине тоа растојание!

Пештерата Крубера, Грузија

2,256 метри, диносаурус на најголема длабочина
Во Норвешка е откриена коска од шепа на платеосаур, и тоа е фосил пронајден на најголема длабочина во светот. Била закопана на длабочина еднаква на седум Ајфелови кули наредени една врз друга.


2,800 метри, бактерија на најголема длабочина
Длабоко во рудникот за злато Мпоненг живее бактеријата Desulforudis. Долга е само 0,004 милиметри, така што би требало да наредиме една врз друга 25 вакви бактерии за да ја добиеме дебелината на лист хартија.


3,600 метри, жители на најголема длабочина
Живо суштество што живее на најголема длабочина е видот валчести црви откриени во рудниците за злато во Јужноафриканската Република. Долги се од 0,5 до 0,56 милиметри ‒ нешто помалку од две зрнца кујнска сол.


4,000 метри, најдлабокиот рудник
Осум од десетте најдлабоки рудници во светот се во Јужноафриканската Република. Таутона е најдлабокиот. Во длабочината на рудникот, поради близината на вжареното Земјино јадро, температурата на некои карпи изнесува повеќе од 60 целзиусови степени, што е доволно да се испржи јајце врз карпата!

Избор и превод: П. В.
Извор: The book of Comparisons, 2018