1008 hPa
32 %

27 °C
Скопје - Пон, 07.07.2025 21:59
Costasiella kuroshimae е вид морски полжав и е едно од најчудните суштества на светот.
Изгледа како овчичка, се однесува како растение и живее во морето.
Тие технички се животни, но како и растенијата, најмногу енергија добиваат од сонцето.
Кога јадат алги, ги цицаат хлоропластите и ги инкорпорираат во сопствените телца во процес наречен клептопластија.
Овој процес, кој инаку го спроведуваат само едноклеточни организми, во суштина им овозможува на овие полжави да црпат енергија од сонцето.
Овие мали суштества имаат глави што потсетуваат на овци или кравички, и грб што потсетува на куќно растение.
Долги се околу 5 милиметри и се наоѓаат во плитките морски води во Јапонија, Индонезија и Филипините.
Извор: Return to Now