Животни и билки ‒ бесмртници

07.10.2019 11:37
Животни и билки ‒ бесмртници


Животот на Земјата е разновиден, баш како и животниот век на живите суштества. Запознајте неколку животни и билки кои имаат најкраток и најдолг живот.


Бубаруси

Инсектите Бубаруси живеат само 100 до 200 дена, но толку се жилави што можат да преживеат една недела без глава.


Furcifer labordi
Камелеонот Furcifer labordi во јајцето се развива 8‒9 месеци, но потоа живее само 4‒5 месеци, пред да умре.


Воденцвет
Летечкиот инсект Воденцвет има најкус животен век од сите животни ‒ 24 часа.

Воденцвет (Ephemeroptera)

Гренландските ајкули
Гренландските ајкули живеат барем 272 години (а можеби дури и 500!). Не се парат сè додека не наполнат 150 години.


Горилите
35‒40 години е животниот век на горилите во дивина.


Индиските слонови
Индиските слонови живеат околу 60‒70 години.


Гренландските китови
Гренландските китови се најдолговечни од сите китови ‒ живеат околу 150 години.
Еден гренландски кит откриен е во 2007 со врв на харпун од 19 век во телото.
Еден друг, пронајден од научници, веројатно има 211 години.


Гуштерот Хенри
Гуштерот Хенри, од видот Туатара, има 119 години, и живее во музејот Саутленд на Нов Зеланд. Пред десетина години стана и татко.

Гуштерот Хенри

71,5
71,5 години е просечниот животен век на луѓето.


Најстариот човек на светот
Жана Калман била најстариот човек на светот. Починала 1997, но родена е 1875! Наполнила 122 години и 164 денови.


Џонатан

Во 2017 е проценето дека џиновската желка наречена Џонатан има 185 години. Со брод бил префрлен од Сејшелите на островот Света Елена во Атлантскиот океан во 1882 година, и сè уште таму си живее!


Школката Минг
Школките живеат мошне долго ‒ 500+ години.
Една океанска школка наречена Минг била собрана од Исланд во 2006, но научниците по грешка ја убиле откако ја замрзнале. Тогаш имала 507 години. Минг била родена во 1499 година.


4.265 години
Еден вид на црн корал наречен Leipathes sp. живее длабоко во океанот. Испитувањата направени 2009 година покажале дека еден примерок земен близу Хаваите бил постар од 4.000 години.

Leipathes sp.

Зaбрзаната поточарка
Билката поточарка Arabidopsis thaliana живее само 5‒7 недели. За тоа време расте до 40 сантиметри и произведува 10.000 семки.


Стариот бор
Еден вид бор (Pinus longaeava) во Калифорнија е стар 5.067 години, и уште расте! Бил фиданка во времето на старите Египјани.


Бесмртна
Turritopsis dohrnii ‒ бесмртната медуза има необичен животен век. Се раѓа како ларва и се закачува на океанското дно како полип пред да израсне во возрасна медуза. Често го пресвртува процесот ‒ од возрасна медуза одново се претвора во полип. И тоа многу пати, така што никогаш не умира.

Turritopsis dohrnii

Избор и превод: П. В.
Извор: The book of Comparisons, 2018

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото