Анатомија на мирисот

15.10.2019 11:29

Odoratus impedit cogitationem
Св. Бернар

еве
од што е направена
само една унција парфем
со звучно име
од 9500 јасминови
цветови од франција
од 4800 ружи
исто така од франција
од осумдесет ружи свирепо убиени
со жед
во пустините на мароко
од цветот на еден вид перуника
која успева исклучиво
на плантажите близу до фиренца
каде што се подигнати чудовишни
крематориуми и каде што се
користат сончеви печки
за од цветовите да се исцеди
признание
најпосле од триесет и пет фабрички
произведени ароматични
хемикалии
кои поради рамнотежа се разместуваат
ту на една ту на друга страна
и ги држат на куп душите
на сите цветови
пристрасни
и меѓусебно нетрпеливи

Превод: П. В.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото