Орман

02.02.2022 10:42

Еден орман, неугледен, стар,
Во аголот на собата си ќути.
Во него се чува постелнина бела
И висат одела и капути...

...А одамна, дамна
Пред песнава
Орманов беше даб зелен,
Крај него трчаа срна и елен,
Под крошната негова мечка лежеше
И секакво животно ќе се освежеше.
По гранките му се гнездеа птици,
Во дупките утови и верверици,
По рапавата кора клукајдрвци чукаа,
Во крошната ловци и громови пукаа!
Тој џин силен и слободен
Од желатче што беше роден...

Сега е, ете, обична ствар
Стариот орман во аголот што ќути.
Во него се чува постелнина бела
И висат одела и капути...

Препев: П. В.

Станислав Фемениќ (1924-2012), хрватски поет и писател за деца. По професија бил лекар. Како антифашист се борел во Втората светска војна. Негови најпознати стихозбирки се: Krijesnice, Puž na ljetovanju, Trči, trči Trčimir... Стихозбирката Idi pa vidi со години е лектира во хрватските училишта.

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото