Сонпесна

02.12.2021 10:46

во аголот на мојата спална соба

   растеше дрво

   среќно дрво

   мое сопствено

лисјето му беше меко

   како месо

птиците негови ми пееја песни

и тогаш

   без предупредување

два човека

   со насмевки на разбирање

   и со секири

влегоа лажно извинувајќи се

и го исекоа

или            вчера

или ден пред тоа

мислам дека беше ден порано

 

Превод: П. В.

Роџер Џозеф Макгоф (Roger McGough, 1937) е англиски поет, перформер, радио водител, детски автор и драматург. Ја водел прочуената радио програма на BBC Radio 4: Poetry Please. Мекгоф бил еден од водечките членови на Liverpool poets, група млади поети под влијание на Бит поезијата и популарната музика и култура наЛиверпул од 1960-тите.

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото