1025 hPa
87 %
6 °C
Скопје - Чет, 12.12.2024 04:59
Против девојката на бостонски студент кој извршил самоубиство во мај годинава, покренато е обвинение за убиство бидејќи истрагата открила дека постојано му испраќала пораки да се самоубие.
Инјанг Ју (21) е обвинета за убиство од небрежност, помеѓу останатото и затоа што била присутна кога Александар Уртула скокнал од покривот на гаражата на хотелот, само неколку часови пред прославата за дипломирањето.
Обвинителите додаваат и дека Ју, која исто така студирала на Универзитетот во Бостон, психички, вербално и физички го злоставувала Александар во текот на 18 месеци, колку што траела нивната врска. Ова го откриле од пораките пронајдени во нејзиниот телефон. Повеќе пати на несреќното момче му пишувала да се убие и да умре зашто на целиот свет, на неговото семејство и неа ќе им било подобро ако него го нема.
Обвинетата во моментот се наоѓа во родната Јужна Кореја, а обвинителството се надева дека доброволно ќе се врати во САД. Во спротивно, како што изјавуваат од Обвинителството, ќе ги покренат сите механизими да ја вратат во државата.
Обвинителството детално го опишува начинот на злоставување и манипулација кои Александар ги трпел во врската со Ју. Заканите биле секојдневие, а врз момчето таа вежбала целосна контрола иако знаела дека тој се бори со депресија.
Построги казни
Во САД во тек е изработка на закон според кој ваков тип на криминални дела би се казнувале со затвор до пет години.
Многу случаи се споредуваат со оној од 2014 година, кога слични пораки на своето момче му праќала Мари Картер, чиешто момче исто така извршило самоубиство. Обвинителите велат дека овој случајот на Ју е потежок бидејќи таа му испратила 47 000 пораки во кои му пишувала да се убие.
Извор: CNN