Марихуаната легализирана во Вашингтон и Орегон

06.11.2014 09:00
Марихуаната легализирана во Вашингтон и Орегон

Американската престолнина ја легализираше употребата на марихуана. Полнолетните граѓани на Вашингтон отсега ќе можат да уживаат, да поседуваат и одгледуваат марихуана за сопствена употреба.

Поточно, граѓаните на американската сојузна држава Орегон и Дистриктот Вашингтон гласаа за легална употреба на марихуаната откако повеќе држави и градови, покрај изборите за конгресот, беше одржан референдум и за други прашања: легализација на абортусот, истополови бракови, генетски модифицирана храна...

Орегон и престолнината Вашингтон застанаа на страната на лобито за легализирање на марихуаната две години откако стана легална употребата на канабисот во рекреативни цели во Колорадо и сојузната држава Вашингтон.

Според прелиминарните резултати, во Дистрикт Вашингтон 65 отсто од гласачите ја поддржале легализацијата на марихуаната, а 28 отсто биле против, додека во Орегон ова прашање помина со 54 отсто поддршка, а 46 отсто од граѓаните биле против.

„Сè повеќе луѓе сфаќаат дека има логика да се поддржи лиценцираниот, регулиран и оданочен бизнис од продажба на марихуана наспроти наркокартелите“, вели претседателот на групата Индустрија за марихуана (MIG) Мајкл Елиот од Колорадо.

Граѓаните на улиците на Вашингтон со одушевување ги поздравија резултатите од референдумот.

Референдум за истото прашање беше одржан и на Флорида, каде граѓаните ја поддржаа употребата на марихуаната во медицински цели.

Извор: Washington Post