Црква ја претстави божиќната сцена на раѓање како бегалско семејство

10.12.2019 15:29
Црква ја претставила божиќната сцена на раѓање како бегалско семејство

 Методистичката црква во Клермонт ја трансформираше божиќната сцена на раѓање во моќен исказ кој го критикува разделувањето на семејствата. Во црквата, имено, се ставени во кафези фигурите на Исус, Марија и Јосиф. На тој начин Методистите го изразија својот став за третманот кон бегалците во САД.

Свештеникот Карен Кларк Ристин на Фејсбук објави слика од сцената на раѓање со коментар во кој потсетува на „најпознатото бегалско семејство во светот“:

„Кратко по раѓањето на Исус, Јосиф и Марија биле принудени да избегаат со својот мал син од Назарет во Египет за да се заштитат од кралот Херод, тиранин. Се плашеле од прогон и смрт. Што ако ова семејство бара заштита во нашата земја денес?“

Кларк Ристин напиша и дека во црквата има уште една сцена која го прикажува обединувањето на семејството.

Оваа црква е многу активна во давање помош на барачите на азил на границата на САД. Постот на свештеникот стана вирален, со илјадници коментари кои ја поддржуваат или осудуваат инсталацијата.

Извор: https://mashable.com/

Слични содржини

Активизам / Графички Дизајн / Уметност
Активизам / Графички Дизајн / Уметност / Настан
Активизам / Графички Дизајн / Уметност
Активизам / Графички Дизајн / Живот / Уметност
Активизам / Уметност
Активизам / Уметност / Настан

ОкоБоли главаВицФото