Стриминг револуцијата засекогаш ќе го промени Холивуд

16.01.2020 14:52
Стриминг револуцијата засекогаш ќе го промени Холивуд

Секои три децении, или речиси еднаш во генерација, Холивуд доживува тектонска промена. Транзицијата од немиот филм во дваесеттите години на минатиот век, подемот на телевизијата во педесеттите, кабловската експанзија „I want my MTV“ во осумдесеттите години. Таква промена повторно се случува. Конечно пристигна долго ветуваната стриминг револуција, како следниот чекор на начините на кои се забавува светот.

Се разбира, стриминг платформите го поткопуваат холивудскиот статус кво што постои со години наназад. Нетфликс почна да стримува (емитува на интернет) филмови уште во 2007 година и оттогаш прерасна во гигант меѓу стриминг платформите, кој на годишно ниво вложува 12 милијарди долари за да им овозможи забава на своите 158 милиони претплатници. Според агенцијата за истражување „Parks Associates“ во САД моментално се достапни 271 ваква платформа и сите тие се фокусираат на одреден жанр. Па така, на пример, „Pongalo“ нуди теленовели, „AeroCinema“ прикужува документарци за авијација, публиката на „Shudder“ се љубителите на хорор филмовите, а „HorseLifestyle“ нуди содржини инспирирани од коњите.

Додека напредуваа стриминг платформите, трите најголеми медиумски компании: „Disney“, „NBC Universal“ и „Warner Media“, главно се држеа настрана од овие текови. Влегувањето во стримингот би значело ризикување на милијарди долари профит од кабловските мрежи.

Започнувањето на видео платформите е скапо. Кога стана јасно дека е поопасно да се штити постоечкиот начин на работење, отколку да се прифатат новитетите што неминовно ги носи иднината, тие одлучија да се вклучат.

Тој момент се сега. И сè се менува. „Тие постојано прашуваат: До каде ќе оди ова? Кога ќе престане? А вистината е дека допрва почнува“, анализира Брет Сапингтон, истражувач на новите индустрии за забава.

На секој што располага со брз интернет, „Дизни плус“, покрај другите содржини, му овозможува веднаш да ги гледа речиси сите филмови од Дизни продукцијата, „Војните на ѕвездите“ на „Pixar“ и филмовите на „Марвел“. Во мај, „Warner Media“, ќе го претстави „HBO Max“, кој на гледачите ќе им понуди околу 10 000 часови инстант забава, вклучувајќи ги и сите епизоди на култните серии како „Пријатели“, „Саут парк“, како и стотици филмови од продукцијата на „Warner Bros“, сите продолженија на „Бетмен“, сите епзоди од познатата серија за деца „Sesame Street“ и документарните филмови на CNN.

„Peacock“ стриминг платформата на „NBC Universal“, исто така, оваа пролет треба да почне со емитување, а ќе понуди околу 15 000 часови содржина: цели сезони од сериите: „The Office„ и „Frasier“, Телемундо сериите, како и филмовите „The Fast and the Furios“и „Despicable Me, сите епизоди на „Suturday Night Live“ и новата верзија на „Battlestar Galactica“.

Стриминг конкуренцијата сега напаѓа и од Силиконската долина. На 1 ноември, мнатата година „Епл“ ја претстави „Епл тв плус“. А Фејсбук и Снепчет се одлучни да станат уште погоеми стриминг сили. А не треба да се заборави и „Youtube“, како дел од семејството на Гугл.

Инаку и Холивуд така функционира, наместо да се потпира на посредници (на пример, кабловски оператори) за да на гледачите им ги претстави сериите и филмовите, традиционалните компании од индустријата за забава, првпат им ја продаваат содржината директно на корисниците. Затоа филмските студија објавуваат сè помалку филови во кино салите. Толку многу промени се случуваат за толку кратко време што гледачите се изгубени.

Корисниците се вознемирени заради постојаните промени во медиумскиот пејсаж. Тие негативни чувства го изразуваат стравот од фрагментација, ерозија на перцепираните вредности и трошоците за претплата на повеќе стриминиг платформи“, се заклучува во извештајот за однесувањето на потрошувачите на компанијата „Лангстон“ од Колорадо.

Аналитичарите истакнуваат дека е несомнено дека навалата на стриминг платформи ќе доведе до тоа, повеќе луѓе да се откажат од претплатите, а за големите компании како „Disney“ и „NBC Univesal“, кои поседуваат и големи кабловски мрежи, тоа значи намалување на приходите од рекламите и потешки преговори со дистрибутерите.

„Сите знаци укажуваат на тоа дека губењето на претплатниците ќе продолжи да се забрзува, речиси секоја серија што „мора да се гледа“ е наменета за директно пласирање на корисниците, а телевизиските кабловски мрежи го земаат тоа што ќе остане“, пишува истражувачот Ричард Гринфилд.

„Нетфликс“ и другите техолошки компании вклучувајќи ги и „Епл“ и „Амазон“, полека но сигурно ги присвојуваат сценаристите и продуцентите од етаблираните студија и телевизии, нудејќи им примамливи суми. Според стариот модел, на творците на сериите им се исплаќале хонорари за нивната работа, но сериозните пари доаѓале откако ќе успее серијата и од репризите.

Сега, „Дизни“, следејќи го новиот модел кој го воведе „Нетфликс“, на авторите им нуди поголеми суми однапред, но мала или никаква заработувачка по завршувањето на серијата. Другите традиционални компании, исто така го имитираат овој модел; велат дека тој им овозможува флексибилност при дистрибуцијата во рамките на корпоративните системи.

Промената ги вознемири членовите на Здружението на сценаристи на Америка кое брои околу 13 000 луѓе, а се зборува и за можност за штрајк.

Извор: The New York Times