1022 hPa
66 %

8 °C
Скопје - Чет, 13.02.2025 15:59
Домот на млади од Панчево го распишува 43-иот конкурс за Зборникот поезија и кратка проза од млади автори од просторите на поранешна Југославија – „Рукописи 43“. Право на учество имаат автори помеѓу 15 и 30 години, кои пишуваат на екс-југословенските јазици и на јазиците на националните малцинства во Република Србија. Конкурсот ќе биде отворен до 21 февруари 2020 година.
На конкурсот може да се учествува со поезија и/или кратка проза. Треба да се испратат: до 3 песни и/или раскази: песните не подолги од 2, а расказите не подолги од 3 чукани страници (значи, до 7000 карактери, големина на фонтот 12), потпишани со полно име и презиме, година на раѓање, адреса на живеење (државјанство ако авторот живее во странство), број на телефон и мејл. Ги молиме авторите личните податоци да ги внесат и во „телото“ на мејлот и на почетокот на фајлот со текстовите, исто така песните/расказите да бидат во еден Word документ, да не се испраќаат компресирано (ZIP, RAR итн.) и без екстерни линкови. Најпосле, да ги почитуваат правописните правила.
Мејл-адресата на која треба се праќаат текстовите е: zbornikrukopisi@gmail.com
Домот на млади Панчево препорачува праќање текстови по електронска пошта, а со обична пошта само доколку авторите немаат можност поинаку да ги пратат текстовите. Во тој случај, адресата е: Dom omladine, Svetog Save 10, 26000 Pančevo, Srbija (со назнака „за Рукописе 43“).
Ги молиме авторите да ги почитуваат правилата на конкурсот и рокот за испраќање на текстовите! Текстовите што ќе стигнат по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.
„Рукописи 43“ ќе излезе од печат на почетокот на мај оваа година, а во текот на мај планирана е и промоција во Панчево, односно тридневен фестивал. На авторите од Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Македонија и Црна Гора што нема да имаат можност да дојдат на промоцијата на Зборникот примероци ќе им бидат испратени по пошта.