Потеклото на хомосексуалното однесување: Нов поглед

05.02.2020 02:21
Потеклото на хомосексуалното однесување: Нов поглед

Мажјаците шумски скакулци со песна повикуваат на парење и танцуваат еден за друг. Женките мајмуни макаки се впуштаат во привремени, но моногамни сексуални врски. Крабите понекогаш уживаат во целодневен секс.

Слични нешта можат да се пронајдат кај водените девици, Хамболтовите лигни, змиите, пингвините и кравите. Впрочем, набљудувани се повеќе од 1500 видови во големи семејства животни како се впуштаат во сексуални активности со припадници од истиот пол. Сепак, потеклото на ваквото сексуално однесување долго ги збунуваше еволутивните биолози. Како ова однесување можело да еволуира и да опстанува во толкав обем, дури и кога на ниеден начин директно не придонесува во репродукцијата?

Тоа е погрешно прашање, тврди една група истражувачи во неодамна објавена студија, преиспитувајќи ги основните поставки на целото крило на биологијата.

„Се очекува дека хомосексуалното однесување еволуирало кај различни видови независно, наспроти вообичаениот хетеросексуален секс“, вели Амбика Камат, истражувачка од Универзитетот во Калифорнија и коавторка на студијата. „А ние велиме дека таа поставка не е нужно точна“.

Наместо тоа, оваа група научници сугерира дека хомосексуалното однесување е вкоренето во самото потекло на животинскиот секс. Тоа не морало постојано да еволуира; отсекогаш било тука. Некои еволутивни биолози го проучувале таквото однесување, често опишувајќи го како „дарвиновски парадокс“. Пол Вејси, експерт за нерепродуктивна сексуалност од Универзитетот во Летбриџ, Алберта, кој не учествувал во истражувањето, наведува дека една школа мислители сметале дека таквите однесувања не се примарно сексуални, туку се поврзани со доминацијата.

Други истражувачи сугерираат дека хомосексуалното однесување кај животните опстојува зашто им помага на животните да ги одржат заедниците, вели Макс Ламберт, биолог од Беркли и еден од авторите на истражувањето.

Другите сепак сметаат дека примерите на хомосексуално однесување претставуваат „вежба“ за репродуктивен секс или дури случаи кога животните не го препознаваат полот на другиот. Повеќето научници се согласни дека ова однесување мора да има некакви еволутивни предности.

Ниедно од овие објаснувања не било доволно за Џулија Монк, докторантка на Универзитетот Јеил и главна авторка на истражувањето. Таа на своите колеги им ја претставила можноста дека хомосексуалното однесување било присутно во најстарите делови од животинското семејно стебло. Првите животни кои се размножувале можеби се пареле со кое било животно што ќе наиде, без оглед на полот.

Со текот на времето, наведува Монк, сексуалните сигнали еволуирале, дозволувајќи им на различните полови попрецизно да се таргетираат за репродукција едни со други. Но хомосексуалното однесување продолжило кај некои организми, доведувајќи до диверзификација на сексуалното однесување во животинското царство.

Иако би можело да има еволутивни предности, древното потекло на ова однесување би значело дека тие предности не се услов за постоење на однесувањето.

Проблемот со претходните истражувања на терен, наведува д-р Ламберт, биле културолошките претпоставки главно на белите хетеросексуални мажи кои работеле на терен, а кои довеле до непрецизно бележење на она со што се сретнале.

„Ни недостасуваат многу опсервации на сексуалното однесување зашто луѓето набљудувајќи мислеле дека тоа мора да е абнормално, врз основа на предрасудите за тоа како би требало да функционираат нештата“, истакнува д-р Ламберт. Иако културолошките идеи можат да влијаат на нашите согледувања на полето на биологијата, вели д-р Камат, биологијата не ни кажува ништо за културата.

Извор: New York Times/International Report

Слични содржини

Квир / Живот / Култура / Теорија
Фотографија / Квир / Живот
Квир / Живот / Култура / Филм
Жарко Трајаноски
Активизам / Квир / Психологија / Теорија
Технологија / Живот / Теорија

ОкоБоли главаВицФото