Како се сфаќаат физичките допири меѓу мажи?

26.02.2013 14:07
Како се сфаќаат физичките допири меѓу мажи?

Доминантното правило на современата мажественост е дека мажите мораат да ја избегнуваат физичка интимност со други мажи, освен ако сакаат да го свртат вниманието врз нивната сексуалност. Така, секојдневна појава во современата поп култура е мажот кој е ужаснат од потенцијалните импликации на конкретен физички допир со друг маж.

Но,отсекогаш не било така. За да можат физичката близина, па дури и спонтаните изрази на интимност меѓу мажите да станат закана за мажественоста, хомосексуалноста мораше да се појави во јавната свест како стигматизиран идентитет. Тоа значи дека кога го интерпретираат ваквото однесување, во умот на набљудувачите нужно се јавува претпоставката дека тие мажи се хомосексуалци, па затоа сите останати мажи мора ревносно да избегнуваат со своето однесување да даваат основа за вакви претпоставки.

На овие стари фотографии мажите се прикажани на начин што го покажува нивното високо ниво на удобност во физичкиот контакт со други мажи. Многумина од нив се поставени на начини сосема неприфатливи за денешните стрејт мажи. 

Фотографирањето на овие портрети значело дека мажите се изложени на окото на јавноста и отворено заземаат пози за фотографот да може да ги фотографира. Овие пози биле сосема вообичаени за мажите во тоа време и не биле сфаќани како показател на потенцијална хомосексуалност, како што би биле ако се погледнат од денешен аспект.

Освен во професионалните студија, вакви фотографии се правеле и со лични фото-апарати, што ја иззема потребата за изложување во јавност. Но, сепак фотографиите морале да бидат развивани од страна на професионалци, што значи дека некој сепак ќе ги види тие слики. Постојат случаи кога на фотографиите се појавувале деца, па оние што работеле на развивање на фотографиите одбивале да ги развијат, а некогаш и повикувале полиција за да ги пријават фотографиите за коишто сметале дека откриваат нелегални активности.

Фактот што физичките допири биле толку често застапени меѓу мажите во тоа време, зборува дека нема ништо скандалозно ниту опасно во таквите пози. Она што доведе до тоа ваквите допири да се сметаат за табу е претставата за мажественоста која интензивно се фокусира врз опсесивното избегнување на можноста за сомнеж во хомосексуалност или женственост на мажот.

Извор: thesocietypages.org 

Слични содржини

Квир / Теорија
Фотографија / Квир
Квир / Живот / Култура / Филм
Жарко Трајаноски
Општество / Квир / Живот
Квир / Живот / Култура

ОкоБоли главаВицФото