Лекарите и научниците ќе ја сопрат епидемијата

06.02.2020 13:35
Лекарите и научниците ќе ја сопрат епидемијата

На фотографијата е доктор Лианг Вудонг, кинески оториноларинголог, кој се пензионирал во март мината година. Кога се појави епидемијата на новиот корона вирус, тој се стави на располагање на своите пациенти и работеше директно со заболените. Минатата недела стана првиот лекар кој почина од инфекција со новиот вирус. Имаше 62 години.

Претходно доктор Јианг Јијун почина од инфаркт, сосема исцрпен бидејќи деноноќно им помагал на илјадниците заразени.

Оваа епидемија нема да ја сопре ниту чајот, ниту лимонот, витаминот Ц или содата бикарбона. Нема да ја сопрат ниту анти ваксерите, ни шаманите, ни свештениците или инфлуенсерите. Нема да ја сопрат ниту етеричните масла, ниту молитвите, ни домашниот лук или облозите од ракија. Затоа што никогаш не соpреле ниту една епидемија.

Епидемијата ќе ја сопре војската професионалци. Ќе ја сопрат илјадници медицински сестри и техничари, негуватели, лабораториски и радиолошки техничари, микробиолози, генетичари, молекуларни биолози и многу други.

Зошто?

Затоа што веќе денес во Вухан носат пелени за возрасни кога не можат да стигнат до тоалетот во болницата, заштоспијат во болниците и затоа што светот несебично ги споделува сите информации што ќе ги открие наместо на нив да го залепат знакот © и преку ноќ да станат new age милијардери.

И тоа е единствената точка каде природата секогаш губи од човекот и секогаш ќе биде поразена. Тука беа поразени големите сипаници, тука ќе биде поразена детската парализа, тука секој ден бидуваат поразени туморите и сепсите, крварењата и затворените крвни садови. Зашто единствено тоа природата не може да го предвиди. Тоа – дека некој несебично го дава своето време, знаење, вештини, сонот, здравјето и животот ако треба за да заштити друхо човечко суштество што не го познава и од кое нема никаква корист.

Тоа е повик, мисија, а не работа. Доктор Вудонг нè потсети на тоа.

Извор: kulturbunt

 

ОкоБоли главаВицФото