1016 hPa
70 %

3 °C
Скопје - Пон, 17.02.2025 05:59
Се смета дека културата на „пет W“ потекнува од англиската новинарска школа: who (кој), where (каде), when (кога), what (што) и why (зошто).
Но, потеклото на златното новинарско правило е многу постаро. Во едно од своите најпознати дела за реториката, De inventione (86 година п. н. е.), Цицерон ги кодификува елементите неопходни за раскажување во шест прашања: quis (кој), cur (зошто), ubi (каде), quando (кога), quemadmodum (како) и quibus adminiculis (со кои средства).
Избор и превод: Никола Гелевски
Гиф: Bill Domonkos
Извор: Џовани Гоцини, Историја на новинарството, 2000
Рубрикава е финансиски поддржана од проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност - КриТинк“ на Метаморфозис и Евротинк финансиран од Европска Унија.