„Интелектот е песимизам, Волјата е оптимизам“

13.03.2020 18:40

Еден од најбистрите апенински умови, Антонио Грамши, му ја оставил на човештвото мислата дека „Интелектот е песимизам, Волјата е оптимизам“. Грамши, од „изолацијата“ на ќелијата од која никогаш нема да излезе жив, притворен и угнетен од режимот на Мусолини, се обиде да го подучи светот дека треба да ги користиме интелектот и својата мисла, но ако ги оставиме без Волја, лесно може да заталкаме во Песимизам. Секоја криза е можност посилни и пожилави да ги надминеме искушенијата, а клуч во таа борба е Волјата која го раѓа Оптимизмот. Со потсетувањето на Грамши, во деновите на нашите пандемиски искушенија, нашата волја да ја преточиме во Оптимизам и да ја насочиме во:

-поедноставување на своите животи

-засилување на нашата поврзаност со луѓето околу нас

-истрајност во барање на вистината во морето лаги и дезинформации

-бирање љубов, наместо страв

-споделување на она што го имаме и помагање на најранливите.

Сеад Џигал, Фејсбук, 13,.03.20.

 

ОкоБоли главаВицФото