Животните помагаат во лечење на болестите

23.11.2010 12:37
Животните помагаа во лечење на болестите

За разлика од древните времиња кога луѓето и животните меѓусебно се бореле за преживување во неповолните природни услови, денес нивниот однос е променет во многу нешта.

Во современиот свет луѓето повеќе не ги почитуваат животните: или им служат за прехрана или, во најдобар случај, им доделуваат улога на живи играчки за разонода во миговите кога не се преокупирани со своите секојдневни проблеми.

Освен што можат да бидат најдобриот пријател на луѓето, животните можат да ни помогнат и при лечењето разни болести. Во леденото доба, поради огромниот студ, луѓето често спиеле заедно со животните за да се затоплат. Денешниот научници дојдоа до сознанието за повеќекратното позитивно влијание на домашните миленици врз здравјето. На пример, мачките во голема мера им помагаат на луѓето во ослободувањето од стресот и заморот.

Американскиот психолог Борис Левинсон прв ја забележал идејата за „лечење со животни“, преку вообичаениот процес на милување на животните меѓу нивните уши. Оваа идеја за првпат се појавила во 1960-те години. Психолозите почнале да ја користат оваа метода за лекување на аутистичните деца. Но ни идејата на Левинсон не била целосно нова – се знае дека во 18-от век лекарите од психијатриската болница York Retreat во Англија чувале мачки, кучиња, зајци и птици за помош при лекувањето на пациентите. Притоа, најпопуларна била „мачјата терапија“, т.е. лекувањето со помош на контактот со мачките.

Имено, мачјото предење на фреквенција од 4 до 16 Hz на некој начин го подобрува човековиот имунитет. Мачките имаат загадочна способност да идентификуваат болен орган кај некоја личност. Кога мачката ќе почувствува дека нејзиниот сопственик има болно или нездраво место во организмот, таа се сместува покрај него, преде, гази врз болниот орган или место и повремено лесно го гребнува со своите канџи. Добрата „мачја терапија“ може да помогне кај стресот, заморот, главоболката, го намалува високиот притисок, го нормализира пулсот, а исто така ги ублажува и ревматските болки и желудочните тегоби.

Поддржувачите на ваквата терапија напоменуваат дека за лечење на разни болести треба да се користат разни видови мачки. Влакнестите мачки, како персиските, се добри за оние кои страдаат од остеокондритис, невралгија или несоница. Луѓето со болен црн дроб или бубрези, кои страдаат од гастритис или колитис, треба да си набават мачка со мазно влакно. Исто така, познато е дека женките се добри за лекување нервни болести, додека мажјаците се подобри во лекувањето на артозата и сличните болки.

Веднаш по мачките доаѓаат и кучињата по своето позитивно влијание врз луѓето. Луѓето кои ги шетаат своите кучиња неколкупати на ден не страдаат од хиподинамија. Исто така, кучешката плунка содржи ликозими, антиинфективни агенси кои помагаат во побрзо зараснување на раните. Големите кучиња имаат многу активен алфа ритам, па пациентите со срцева инфлуенција можат половина час на ден да ја држат раката близу кучешкото срце за да се чувствуваат подобро.

Потоа доаѓаат и коњите. Јавањето е совршен лек за рехабилитација на пациентите со проблеми на карлицата, мускулна дистрофија, парализа на нозете или артритис. Во Англија јавањето се користи дури и за лекување зависност од наркотици.

Терапијата во која се вклучени делфините е добра за психолошко заздравување на пациентите кои доживеале сообраќајна несреќа. Во Африка, пак, за лечење на некои болести се користат слоновите, додека во Австралија се користат кенгурите.

Извор: novossti.com