Да се направи парк од бившиот фабрички круг на Треска

16.06.2020 18:27

Ми се чини дека ако една партија сака да допре до апатичните граѓани кои инаку не би гласале за никого, треба да понуди нешто инспиративно.

Нешто што нивниот град ќе го стави на светската мапа на градови кои од стари индустриски зони направиле паркови. Кога можеле Будампешта и Њујорк, зошто да не може Скопје?

Нешто што нема да го поништи имиџот на Скопје како град на светската солидарност, со отстранување на клучни градби кои го чуваат тој спомен.

Нешто што ќе го надмине мислењето дека сите се исти, вгнездено преку 30 години популистичка пропаганда...

Затоа мислам дека е подобро да се направи парк од бившиот фабрички круг на Треска, во кој веќе има стотина и кусур дрвја, наместо да се збрише Универзалната Сала.

Филип Стојановски, Фејсбук, 15.06.20.