Ковидсомнија

17.06.2020 13:22
Ковидсомнија

Ако овие денови имате проблеми со спиењето не сте сами. „Речиси секој пациент што го прегледав страда од инсомнија“, вели др. Алон Авидан, професор по неврологија од Универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес.

„Особено сега кога дојде коронавирусот, се случува пандемија на несоница“, додава др. Авидан, кој е идиректор на Центарот за истражувања на порометувања на спиењето при Универзитетот. „Ние тоа го викаме ковид – сомнија“.

Една од причините за тоа е шо многумина останаа во своите домови што значи помалку дневна светлина. „Без изложеност на дневна светлина секое утро, луѓето ги губат биолошките знаци кои се од витално значење за соодветен и нормален ритам на спиење и будење“.

Се покажува дека многумина останувале подолго во кревет и според податоците за потрошувачката на струја во Менхетн од март годинава, кога беа донесени мерките за изолација.

А бидејќи на работа не се идеше со јавен превоз, децата не мораа да одат на училиште, некои луѓе одлучиле да не стануваат наутро освен во случај на неодложна потреба.

„Луѓето буквално стануваат подоцна и потоа навечер подоцна си легнуваат“, вели Кристо Мајнренкен, истражувач и физичар од Универзитетот Колумбија во Њујорк. Тоа значи дека подолго време остануваат будни што се гледа и од потрошувачката на струја бидејќи многу апарати остануваат вклучени и по полноќ.

Нашиот дневен биоритам е разнишан од овие нови навики за спиење. Дирдри Барет, психолог од Харвард, која четири децении ги истражува соновите, во последно време често се појавуваше на американските медиуми. Таа тврди дека многу луѓе поминуваат низ тежок период и имаат вознемирувачки сонови. Но, тоа не значи дека сме ниту блиску до траумата што ја доживуваат здравствените работници на првата линија на фронтот во порбата против коронавирусот.

Луѓето се само позбунети од своите сонови затоа што за многумина и самото будење „им е како во сон и поинакво отколку што било. Како самиот проток на времето да ни е поврзан со некоја обичен облак, наместо за ритамот и движењето на сонцето“, напиша Кејти Вивер.

А бидејќи соновите ни се вознемирувачки – светот колективно искуси што значи овој коронавирус, сакаме да дознаеме повеќе за нивното значење. (Сонуваме во кратки периоди, на околу 90 минути во текот на РЕМ фазата).

Решението што го предлага др. Берет е да ја преземеме контролата преку „инкубација на соновите“. Изберете категорија на сонот, на пример, летање – и мислете на тоа пред да заспиете.

„Ако умеете да создавате слики во својот ум, замислете се себе како лебдите некаде високо. Доколку тие слики не ви доаѓаат природно, обидете се близу до перницата да поставите фотографија или некој друг предмет што ве асоцира на оваа тема. Нека биде тоа последната работа што ќе ја погледнете пред да го исклучите светлото“, вели таа.

А ако сепак не успеете да ги контролирате своите сонови, ќе ви олесни ако знаете дека и оние најчудните и највознемирувачките имаат свои добри страни.

Слика: Vladimir Kush

Извор: The New York Times

 

ОкоБоли главаВицФото