Нејасно е како гужва во маркет е помалку опасна од изложба и посетители во музеј

20.06.2020 14:44
Нејасно е како гужва во маркет е помалку опасна од изложба и посетители во музеј

Стандардниот однос на Владата кон културата се потврди уште еднаш. Едно од ретките прашања и група на работници чијашто работа и работата на нивните институции не е регулирана со никаков протокол и уредба со месеци, а загубите за сите се катастрофални.

Во меѓувреме сите коишто имаме планирано активности, изложби, перформанси, фестивали остануваме во лимбо период, не знаејќи ништо ни за следниот месец, а загубите ги броиме до недоглед.

Нејасно е како гужва во маркет е помалку опасна од изложба и посетители во музеј со соодветни мерки и истите средства за заштита. Како гласањето на избори е помалку ризично од одржување на претстава или перформанс со соодветен протокол и дистанца. Како седењето во кафани и кафичи (на ФАМИЛИИ само, нормално) е помалку ризично од сето ова. И како егзистенцијата на сите други е поважна од таа на културните работници.

Конечно како да донесеме кој и да било уметник од надвор кога истиот треба да го затвориме две недели во карантин, а тие би требало да работат овде.

Слика: Boneface

ОкоБоли главаВицФото