Црна Гора ги озакони истополовите бракови

02.07.2020 08:40
Црна Гора ги озакони истополовите бракови

Извор: Дојче веле

Парламентот во Подгорица со 42 гласа „за“ и 5 „против“ го донесе законот, на кој остро се спротивставуваше Српската православна црква, најголемата верска заедница во земјата.

„Со усвојувањето на законот на истополови партнерства, Црна Гора за првпат ги регулира законските права на истополовите парови“, напиша на Твитер црногорскиот претседател Ѓукановиќ.

Првата Парада на гордоста во земјата пред седум години предизвика насилства, но оттогаш настанот поминува мирно.

ЛГБТИ заедницата во Црна Гора го поздрави донесувањето на законот, оценувајќи го како „голема победа“ и „чекор кон нашата слобода и слобода на сите луѓе во Црна Гора“.