„Цут“ - краток филм за депресијата

06.07.20 13:05

Надин, депресивна и сама, го живее својот живот во темнина. Подарокот од пријателски настроениот сосед ѝ дава на Надин причина да продолжи да живее. Ова е приказната на филмот „Цут“ (Bloom) на режисерката Емили Џонстоун (Emily Johnstone).

Пишувајќи за филмот и за депресијата, Марија Попова, од brainpickings.org. го цитира Нил Гејман кој напишал дека понекогаш и најмалиот гест од некој туѓинец е доволен да нè загрее и во најстуденото време.

Таа ја прераскажува приказната на нејзината пријателка, психијатар, која на својот колега што страдал од депресија му подарила едно растение. Овој гест на љубезност имал неочекувано добар ефект врз неговата состојба и тој полека се извлекол и решил да му се врати на предавањето. Негова студентка била токму Емили Џонстоун. Извор: Vimeo


 

ОкоБоли главаВицФото