Новата нормалност е сперантност

06.07.2020 17:42

Еднаш стапнав клажна во предлабок грол
дур везуфев стрмно низ градскиот прол
и само што плегнав да направам фрум
ме пресретна Влусна со продорен жрум.

"Каде рагниш Влусне?", ја запрашав јас –
"зарем не си в Лигас да собираш блас?"
"Не појдов" – рече, "ме копкаше дренг
па дојдов со рими и строфи од пенг".

И седнавме двете, ко в нормалност стара
на кафе и чај и чад од цигара.
Уф, како се збореше јазикот лани?
Нарачавме речник и сок од банани.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Книжевност
Секој ден песна
Пандалф Вулкански
Пандалф Вулкански

ОкоБоли главаВицФото