Целиот систем колабира кога жртви се обични жени и девојки

08.07.2020 16:22

После Јавна соба и масовното сексуално вознемирување на текстилните работнички на ФБ група следи нов скандал, ГевгелијаХаб. Ги ѕирнав тие материјали и одговорно тврдам дека барем едно видео од овие беше споделено и на Јавна соба.

Замислете, тие жени се трет пат (еднаш кога биле споделени од оној кому му ги пратиле или ги снимал/сликал, вторпат на Јавна соба и сега, најтешко, во локалната средина во која живеат) жртви на сексуално вознемирување кое може сериозно да го наруши нивното ментално и физичко здравје.

Истрагата за Јавна соба заврши со кревање рамена на МВР со изговор - Телеграм не ни дава податоци. Стварно ли? Па едно кафе џандар да испие у Гевгелија за 30 минути ќе ја дознае цела багра која го прави ова.

Чудно како за секунда се фаќаат лица кои преку интернет се закануваат на политичари и нафатирани бизнисмени, а целиот систем и држава колабираат во немоќ кога жртви се обични жени и девојки.

Ирена Цветковиќ, Фејсбук, 08.07.20.