Никола Тесла (10 јули 1856 - 7 јануари 1943)

10.07.2020 13:37
Никола Тесла (10 јули 1856 - 7 јануари 1943)

Никола Тесла, физичар и научник е еден од најголемите умови на сите времиња. Изумил 700 патенти од кои повеќе од 300 се заштитени во 27 држави на пет континенти.

Роден е на 10 јули 1856 година во Смилјан, Лика, а починал на 7 јануари во 1943 година во хотелот „Њујоркер“ во Њујорк, каде што последните 10 години од животот. Од 2003 година неговата оставина е под заштита на УНЕСКО, а од 1994 година, една улица на Менхетн го носи неговото име. 

Голем дел од неговата најрана работа ќе стане основа за модерното инженерство, а многу од неговите откритија се од непроценлива важност за развојот на модерната цивилизација. Во текот на овој период, во САД, славата на Тесла била споредлива само со онаа на најголемите научници во историјата или ѕвездите на популарната култура, но како резултат на неговиот ексцентричен карактер и неверојатни, понекогаш и фантастични тврдења за можни научни и технолошки откритија, Тесла на крајот завршува исмеан и обележан како луд научник. Никогаш не грижејќи се за пари, тој умира сиромашен и заборавен на возраст од 86 години. Биографиите на Тесла ја истакнуваат неговата смисла за хумор, фобијата од бактерии и инсомнијата и неговата опсесивност. 

Иако бил номиниран за Нобелова награда, никогаш не го добил ова големо признание.

Според него се наречени единиците мерки за висок напон и за јачината на магнетното поле.  

Извор: 6yka.com

ОкоБоли главаВицФото