„Бесплатно“

12.10.20 11:52

Изминатите две години, американскиот уметник Џонатан Гителсон (Jonathan Gitelson) собирал натписи „Бесплатно“ (анг. Free).

Патувал низ јужен Вермонт, ги собирал натписите (и ги заменувал со свој натпис).

„Овде е вообичаена практика да се оставаат несаканите предмети на работ на тротоарот на улиците, со рачно напишан знак што ги означува како бесплатни“, објаснува Гителсон. „Возејќи по улиците, често го гледав натписот, ме погоди овој збор, со неговите различни значења, вграден во пејзажот на улицата“, вели тој.

Извор: booooooom.com

ОкоБоли главаВицФото