Добитници на Нобеловата награда за економија се Пол Р. Милгром и Роберт Б.Вилсон

13.10.2020 13:18
Добитници на Нобеловата награда за економија се Пол Р. Милгром и Роберт Б.Вилсон

Пол Р. Милгром и Роберт Б.Вилсон се овогодишните добитници на Нобеловата награда за економија. Тие се наградени за нивната работа на унапредувањето на теоријата на аукции и создавање на нови формати на аукции, соопшти шведската Кралска академија на науките денеска во Стокхолм.

При објавувањето на наградата, претставикот на Академијата симболично удри со чеканот за аукции укажувајќи на нивната важност за економскиот живот – од берзата за електрична енергија, до дозволи при трговија со емисии.

Теоријата на аукции, која е гранка од Теоријата на игри, била развиена кон крајот на 1970-тите и почетокот на 1980-тите години од група истражувачи кои развивале математички модели преку кои можат да се воведат информации во процесите на аукциски наддавања со кои би се оддржила пазарната рамноправност и да се спречи договарање помеѓу наддавачите.

Жирито нагласи дека од истражувањата на овие економисти низ светот корист имале и продавачите, но и купувачите и даночните обврзници.

Научниците Милгром и Вилсон работат на американскиот Универзитет Стенфорд. Тие ќе поделат парична награда од околу 940.000 евра.