Нобеловата награда за хемија споделена од две жени

08.10.2020 18:10
Нобеловата награда за хемија споделена од две жени

Кралската шведска академија Нобеловата награда за хемија вчера за прв пат беше доделена на две жени, Емануел Шарпентие и Џенифер А. Дудна, за развојот на метод за уредување гени.

Емануел Шарпентие и Џенифер А. Дудна ја открија една од најфасцинантните алатки - молекуларните ножички CRISPR/Cas9. Со нивна помош, истражувачите можат да ја менуваат ДНК-та на животните, растенијата и микроорганизмите со екстремно висока прецизност. Оваа технологија имала револуционерен импакт врз науката, претстаува придонес терапиите за рак и може да го оствари сонот за истребување на наследните болести.

Со цел да ги дознаат внатрешните механизми на животот, научниците мораат да ги модифицираат гените. Ова порано одземаше многу време, беше тешка и понекогаш невозможна работа. Користејќи ги молекуларните ножички CRISPR/Cas9, сега е возможно да се смени „кодот на животот“ во период од неколку недели.

Откако Шарпентие и Дудна ги открија молекуларните ножички во 2012 нивната употреба нагло се раширила. Оваа алатка придонела за многу важни откритја во основните истражувања, а истражувачите на растенија успеале да развијат житни растенија отпорни на мувла, суша и штетници. Во медицината, се спроведуваат клинички тестирања на нови терапии против рак во кои исто така може да помогне ова откритие.

Молекуларните ножички ја воведоа науката во нова еопха и, на многу начини, го остваруваат најголемиот бенефит за човештвото. 

Шарпентие и Дудна стануваат шести и седми жени кои добиле Нобелова награда за хемија, приклучувајќи им се на Мари Кири, која победи во 1911 година, и неодамна, на американскиот хемиски инженер Франсис Арнолд, во 2018 година.