Бескрајна партиска држава

20.10.2020 12:42

Следната недела нов конкурс за вработување на 800 административци од кои 640 ќе бидат Албанци.

„Сега ни е полесно. Првиот вицепремиер е од редовите на ДУИ, Артан Груби, министерот за финансии е наш, Фатмир Бесими. Ќе има повеќе вакви конкурси за постигнување соодветната застапеност, најавуваат од ДУИ, објавувајќи ги овие долгоочекувани информации од јавноста, особено од младите кои штотуку дипломирале“, изјавил изворот од ДУИ за Лајм.

Тоа е логиката во МК, се делиме на ваши и наши, и ДУИ таа поделба ја има издигнато до врвен стадиум. А Заев продолжува да повторува како папагал „Едно општество за сите“, ама реалноста е дека постои општество само за партиските, без разлика од која етничка заедница.

Во меѓувреме, кога директорот на ДПИ Пауновски ќе побара вработување на дополнителни 20 инспектори во услови на корона, Бесими ќе му каже дека нема пари и морало да се штеди.

Само за потсетување, од Министерството за политички систем, она што го измислија за ДУИ и кое го води Груби, на работа одат само 3% од вработените, а 8.9 милиони евра е буџетот на институцијата, од кој највеќе се трошат за плати.

Во таа смисла, Македонија денес не е ништо помалку партиска држава, држава заробена од партиите, отколку што беше под режимот на Груевски.

Ивор Мицковски, Фејсбук, 20.10.20.