Очекувајќи ги официјалните државни извинувања

13.07.2020 16:16

Италијанскиот претседател Серџо Матарела и претседателот на Словенија Борут Пахор се држат за рака во Трст пред споменикот на италијанските жртви убиени од партизаните.

Да, дури и Италија која во фашистичка коалиција со Германија направи стотици илјадници жртви низ поранешна Југославија, имаше свои жртви во Словенија, како реперкусија и обид за нивно исфрлање од Трст и Истра.

Пахор е првиот политичар од поранешна Југославија кој го посетува меморијалот.

Потоа ги посетија гробиштата на 4 Словенечки антифашисти кои први се побунија на италијанските фашисти и се првите антифашистички херои од овие простори.

Италија во исто време се извини и го врати Словенечкиот културен центар Народни Дом, кој во 1920 беше запален од стана на првите фашистички групации во Трст. Денеска, 100 години подоцна, повторно му припаѓа на словенечкото малцинство.

Ние на тажниот Балкан, се уште очекуваме официјални државни извинувања.

Грција да се извини за масакрот и протерувањето на Македонските Егејци, Бугарија да се извини за окупацијата на дел од Македонија, и за протерувањето и депортирањето на Македонските Евреи.

Еден ден кога ќе бидеме дел од ЕУ тој нивен гест ќе стане неизбежен.

Ивор Мицковски, Фејсбук, 13.07.20.