Трендафиља и змех

23.10.2020 10:00

„Море моме Трандафиле!

Што се вршиш не се мажиш,

Три години шес прстени?” —

„А друженки неверници!

Што ме мене не вервите?

Змех ме љубит три години,

Ја не можам да г’ одељам.”

„Море моме Трандафиле,

Ја појди си во градина,

Да набериш грмотрње;

Тà појди си нови пазар,

Тà купи си ново грне,

Да ѝ вариш спроти стреда,

Да ѝ пијеш спроти петок;

Така да се змех оделит.“

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото