Малку историја за буквите Ќ, Ѓ, Џ, Ј, Љ, Њ и Ѕ

04.11.2020 13:21
Малку историја за буквите Ќ, Ѓ, Џ, Ј, Љ, Њ и Ѕ

Иако не се користела истата ортографија како денес, овие букви имаат своја историја.

 Иако не се користела истата ортографија како денес, овие букви имаат своја историја. Само накратко - Ѓорѓија Пулевски во втората половина на XIX век ги употребувал варијантите ГЬ, ЛЬ, НЬ и КЬ, некаде се присутни и српските Ђ и Ћ, користел Ј и І, во „Македонска песнарка“ ја има и Џ.

Тајниот македонски комитет кон крајот на истиот век ја користел формата КЈ, ГЈ, ЛЈ и НЈ, но како диграфи, но не и посебни букви. Во издадените дела користат букви слични како и Пулевски.

Мисирков ја реформирал азбуката врз фонетски принцип, како што е и денешната македонска азбука. Негови предлози биле Г’, Л’, Н’ и К’, како и Дз за Ѕ и I наместо Ј. Подоцна, во други публикации, се користат варијанти Ќ и Ѓ, скоро идентични со денешните. Слични предлози имал и Димитар Мирчев.

Во својата книга „Кратка македонска граматика“, охриѓанецот Ѓорѓи Киселинов овие букви не ги сметал за посебни, туку како согласни групи КЙ (Ќ), ГЙ (Ѓ), ДЖ (Џ), додека во делото, низ примерите се користат ЛЙ и НЙ. Ј е претставена со Й, додека Ѕ воопшто ја нема.

Неколкуте комисии кои заседавале во периодот 1944-45 ја утврдиле денешната македонска ортографија. Претпоставувам дека за конечната форма на Љ и Њ ги зеле предлозите ЛЬ и НЬ на Пулевски, односно нивната поедноставена форма која е присутна кај Караџиќ, кој пак се инспирирал од Сава Мркаљ, српски филолог. Џ е буква од романската кирилица. За буквите Ќ и Ѓ е прифатен предлогот на Мисирков, додека Ѕ е старословенска буква."



***




Насловната страница на списанието „Лоза“ издадено од Младата македонска книжовна дружина. Основач е охриѓанецот Климент Караѓулев, а одговорен редактор дебарчанецот Иван К. Божинов. Соработници: Георги Баласчев (Езерски), Петар Поп Арсов (Вардарски), Коста Шахов, Димитар Мирчев, Климент Караѓулев, Дамјан Груев, Иван Хаџи-Николов, Ефтим Спространов (Е. Маркулев) и др.

Веднаш по појавата на првиот број на списанието, официјалниот орган на бугарската влада „Свобода” (18 февруари 1892, 3) ја алармира бугарската јавност:

„Луѓето овде имаат други цели – да создадат нов литературен македонски јазик… Следствено, прашањето се сведува кон стремежот да се воведе литературен сепаратизам што природно го влече по себе и политичкиот… во бугарската престолнина, во срцето на Бугарија излегуваат луѓе што се силат да ги расипат плодовите на толкугодишните усилби, да докажат дека Македонските Бугари се одделна нација, со посебен јазик, со посебни историски задачи!”.

Извор: Фејсбук профилот на авторот

Слични содржини

Книжевност / Историја
Општество / Книжевност / Историја
Книжевност / Историја
Книжевност / Теорија / Историја
Општество / Книжевност / Спорт

ОкоБоли главаВицФото