„Одредот“ ги задржа своите места во Конгресот на САД

11.11.2020 14:04
„Одредот“ ги задржа своите места во Конгресот на САД

Една од возбудливите вести од завршените американски избори (покрај падот на Доналд Трамп) е дека „Одредот“ ги задржа своите места во Конгресот.

Одредот (The Squad) е прекар за четирите конгресменки од Демократската партија: Илхан Омар, Рашида Тлаиб, Ајана Пресли и Александрија Оказио-Кортес (Минеаполис, Детроит, Дорчестер и Њујорк Бронкс).

Сите четири жени, не-бели жени, се околу 20 години помлади од типичниот претставник на американскиот конгрес. Оказио-Кортес беше најмладата конгресменка во историјата, Илхан Омар и Рашида Тлаиб се првите муслимански претставнички во Конгресот. Тие се вообичаена мета на навреди, закани и патронизирачки гестови, вклучувајќи го и наскоро поранешниот претседател Трамп, кој не пропушти да им порача „да се вратат таму од каде што дошле".

Најдобрата одбрана против назадните политики нема да биде центристот Џо Бајден, туку жените од „Одредот“. 

 Извор: Radnička Fronta