Данскиот министер поднесе оставка поради наредбата за убивање на 17 милиони куни

19.11.2020 14:57
Данскиот министер поднесе оставка поради наредбата за убивање на 17 милиони куни

Данскиот министер за храна и земјоделие Могенс Јенсен соопшти дека ќе се повлече од функцијата поради недоверба од пратениците, по незаконската владина наредба за убивање на 17 милиони куни во фармите низ земјата. 

Пред две недели, владата им нареди на војската и на полицијата да им помогнат на сопствениците на фармите со куни да убијат 17 милиони единки од овие животни што се одгледуваат за крзно.

Драстичната одлука на владата следеше откако здравствените власти соопштија дека одгледувањето на куните претставува ризик за јавното здравје во земјата, поради широко распространета зараза на фармите, која била влошена со пронаоѓањето на нов мутиран вид на вирус, за кои велат дека може да ја загрози ефиканоста на идните вакцини.

Ситуацијата се претвори во фарса минатата недела кога владата беше принудена да признае дека е единствено легално да се убијат инфицираните куни и оние на 8км од инфиирани животни.

Данска е најголемиот одгледувач на куни во светот, и го продава крзното на Кина и Русија.

Одлуката за оставка е донесена во време на најголемата криза на владата од почетокот на пандемијата. 

Опозициските партии ја поздравија одлуката на Јенсен, но сега го свртија вниманието кон премиерката Мете Фредериксен, за која велат дека исто така е одговорна, и побараа независна истрага за владините постапки.

Според истражување кое го спровело универзитетот во Архус, по наредбата, во последните неколку недели опаднала довербата на Данците во владата.

ОкоБоли главаВицФото