
Гасеница една си била, не баш мила,
но пат минала низ Харибда и Скила:
ползела низ скалила и слепила
и најпосле ја изгубила целата сила.
Заспала, свиена во свила.
Сонила дека некоја самовила
ѝ ја сменила обвивката гнила
и ѝ дала шаренонежни крила!
„Волшебницата Сибила ме впила?
И сосем ме скротила и сменила?
Крилја ми скроила и споила? И ги залепила?!
И врз нив се нацртала со очила? Ме соочила?!“
О не! Гасеницо мила,
договор со волшебница ти не си склучила!
Тебе, гасеницо, пеперуга ти се случила!