
Биле три другарки
како од скаска:
Васка, Спаска и Таска.
„Васка, ти си материјал за расказ:
на другите во око им бараш раска
а самата носиш маска“, рекла Спаска.
„А ти, Спаска, имаш лоша пракса:
мласкаш кога јадеш праска
или мараска“, одговорила Васка.
Се приклучила и Таска, за по нив да не каска:
„Џамбаски! Знаеме дека не треба да се ласка,
но пребројте: во главите ви фали некоја даска?“
Краткава (се надевам, не и празна) песна-сказна
овде завршува: Васка, Спаска и Таска се смириле.
А за грубите зборови никој не добил казна.