Шест онлајн настани во КЦ 750

28.12.2020 14:28
Шест онлајн настани во КЦ 750

Културен центар 750 реализираше шест онлајн активности предвидени за 2020 година.

Поради пандемијата на вирусот Kовид-19, оваа сезона арт-фиќото не организираше настани на јавен простор, туку ширеше уметност на алтернативен начин, со онлајн претставување на изложбите, инсталациите и литературните читања.

Своите дела во КЦ 750 ги изложија Тамара Забазноска, Филип Велковски, Будимка Поповска, Васко Марковски, уметничка инсталација подготви Ѓорѓе Јовановиќ, а беше претставена и поезијата на Ива Дамјановски.

За да не остане сè само во виртуелниот простор, беа подготвени принтови со материјали од изложбите и читањата и дистрибуирани во поштенски сандачиња по случаен избор во повеќе скопски населби.

Во продолжение можете да ги погледнете видеата од настаните:

1. Поетско читање на Ива Дамјановски


 

 2. „Комши камераџик“ - изложба на скопски фотографии од Васко Марковски

 

3. „The Lumens“ - изложба на лумен принтови од Филип Велковски

 

 4. „New No Black Halva World Order“ - инсталација на Ѓорѓе Јовановиќ

 

 5. „ФАНТОМИМА.ZIP“ - изложба на Будимка Поповска

 

 6. „Skopje Secret Stories“ - изложба на Тамара Забазноска


* * *

КЦ 750 е мал, мобилен културен центар, заеднички проект на Иван Шопов и Владимир Лукаш. Целта на проектот е развивање и поттикнување нови модели на искористување на јавниот простор, за културни намени. Проектот е поддржан од Министерството за култура на РС Македонија и Град Скопје.

 

ОкоБоли главаВицФото