Заборавени игралишта

05.02.21 11:55

Новиот проект на шпанскиот фотограф Гилем Видал (Guillem Vidal) е насловен „Заборавени игралишта“ и е серија етерични слики на напуштени игралишта, кои со текот на времето ги присвоила природата.

Неговите малку морничави фотографии го отсликуваат местото каде што се вкрстуваат вештачките структури и природните предели.

„Овие простори, некогаш живи, но сега заборавени, денес ги напаѓа природата во нивната бавна трансформација во урнатини“, вели авторот. Резултатот се овие мистериозни фотографии од празни урбани пејзажи. Иако овој природен процес е прекрасен, има нешто особено меланхолично во занемарениот мовлив базен, клацкалките обраснати со плевел и напуштениот кош со позадина од планини завеани во снег.

„Овие фотографии се поглед на минатиот микрокосмос; време кое потсетува на детството, во тоа време, играта, креативноста и природното опкружување беа можни. Денес останува само трага“, вели Видал.

Извор: ignant.com

 

Слични содржини

Фотографија / Психологија / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото