Арасмас

10.05.2021 10:38

Не гледам вести неколку дена.
Којзнае колку луѓе починале,
којзнае колку се родиле, некои
исчезнале, некои остареле, некој
добил отказ, некој лото и така
натаму, сè до следните вести,
сосем идентични, но однаопаку.
Не читам книги неколку месеци.
Којзнае колку луѓе објавиле,
којзнае колку приказни се
намножиле; некои блеснуваат,
некои се занесуваат, некој
се лути, некој го лути и така
натаму, сè до следното читање,
сосем идентично, но однаопаку.
Не живеам веќе неколку години.
Којзнае како ми е, којзнае што си
мислам за себе. Некои ми велат:
браво, некои ми велат: полудуваш,
некој ќе ми подари круша, некој,
пак, ќе ми подари бокс и така
натаму, сè до следното раѓање,
сосем идентично, но однаопаку.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото