„Обликот на моето јас“ - фотографска серија

12.05.21 11:51

По одлуката на индискиот Врховен суд во 2014 година со кој се признава статусот на „трет пол“ за трансродовите луѓе во Индија, италијанскиот фотограф Алесио Максимилијан Шродер (Alessio Maximilian Schroder) започна истражување на транс заедницата во Колката (порано Калкута),  предградијата и другите градови во Западен Бенгал. Со текот на годините, тој изградил блиски односи со членовите на овие заедници, слушајќи ги нивните приказни, учествувајќи на настани и посетувајќи ги нивните домови и родни места. Овие искуства и врски ги преточил во „Обликот моето јас“, фотографска книга која содржи 56 портрети на  транс-жени, транс-мажи и хиџри (индиски назив за трансродови луѓе) опфаќајќи широк спектар на социјални потекла, касти, возрасти и идентитети.

И покрај нивното законско признавање од страна на централната влада, транс-луѓето во Индија сè уште се соочуваат со дискриминација на многу фронтови. Шредер се надева дека ќе го потенцира „правото да се биде и да се постои како транс индивидуа“, претставувајќи го „борбениот идентитет на транс луѓето“.

Извор: booooooom.com

Слични содржини

Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око

ОкоБоли главаВицФото